| четврток, 6 декември 2018 |

61. година од раѓањето на Борис Трајковски

Денеска се навршуваат 61 година од раѓањето на трагично загинатиот претседател на Република Македонија, Борис Трајковски.

По тој повод, на гробот на претседателот Трајковски во Алејата на великаните ќе биде положено свежо цвеќе од делегација предводена од градоначалникот на општина Бутел Петре Латиновски.

Свежо цвеќе ќе положат и претставници од сите основни училишта од општината, повеќе невладини организации и здруженија на граѓани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top