Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска свечено ќе ги додели стипендиите „Борис Трајковски” за академската 2017/2018 година.
Стипендиите, како што соопшти кабинетот на Иванов, традиционално се доделуваат за постдипломски студии на Програмата за бизнис администрација – МБА на Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити колеџ во Солун.
Стипендиите ги обезбедија Министерството за образование и наука на Република Македонија и Универзитетот Шефилд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.