По повеќе од три месеци гласање и повеќе од 3,5 милиони гласови вкупно, навивачите го избраа најдобриот тим на сите времиња кога се во прашање европските првенства. Најмногу гласови доби Французинот Зинедин Зидан (255.694 гласа), пред Паоло Малддини (240.409 гласа), а во најдобриот состав влегоа и Кристијано Роналдо (Португалија) Андрес Иниеста (Шпанија) и Џанлуиџи Буфон (Италија) од оние кои ќе настапат и на претстјното ЕВРО 2016.
На голот е Италијанецот Буфон, на десната бековска позиција е Филип Лам (Германија), стоперски тандем се Карлес Пујол (Шпанија) и Франц Бекенбауер (Германија), а на левата странична позиција е Паоло Малдини (Италија).
Во средниот ред се избрани Андреа Пирло (Италија), Андрес Иниеста (Шпанија) и Зинедин Зидан (Франција), а во нападот се наоѓаат Тиери Анри (Франција), Марко ван Бастен (Холандија) и Кристијано Роналдо (Португалија).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Да гласаме за нашите: Македонската судиска двојка номинирана за најдобра во светот
-
Широк сокак обоен во црвено-жолто (видео)
-
Огромен пад на гласачите во дијаспората: За референдум се регистрирале 3 проценти од гласачите, а од нив помалку од 1.000 луѓе гласале
-
Пандов: На избирачко место им ги снимавте личните карти и ги објавувавте или тие се од Пустец и не се луѓе?