Англискиот селектор Рој Хоџсон е незадоволен од Џејми Варди и неговото однесување во трансфер-сагата околу неговата евентуална преселба во Арсенал. Хоџсон побарал од Варди дилемите да ги разреши пред тргнувањето за Франција, но членот на Лестер сѐ уште тактизира во преговорите, иако Англија за четири дена го игра натпреварот со Русија на ЕП 2016.
– Играчите мора да разберат дека кога се дојдени да играат за репрезентацијата, треба да се насочат само кон репрезентацијата и кон ништо друго. Јас не сакам да им се мешам во трансферите, но кога доаѓаат овде, Англија е нивниот клуб и не треба да бидат дефокусирани од други работи. Во ситуацијата на Варди веќе разговарав со фудбалерот и му посочив дека ЕП се ближи и тој ќе мора да си ја реши иднината – истакна Хоџсон не отфрлајќи ја можноста членот на Лестер да биде преселен на клупата доколку во следните три дена не се одлучи – околу преселбата во Арсенал.
Англиските медиуми тврдат дека голгетерот начелно ги договорил условите за соработка со „топчиите“, но пред два дена добил нова понуда за нов договор со Лестер, па сега е во сериозна дилема дали да се пресели во Арсенал или да остане во клубот со кој стана шампион и да настапува за „лисиците“ во Лигата на шампионите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во 12.500 пораки го опишале одвратното злоставување на бебе и 5 годишно девојче: Мајката и љубовникот осудени на 50 години затвор
-
Кога Англија игра фудбал, Британците ги тепаат жените
-
Хрватскиот селектор: Ако станеме светски прваци, никој нема да работи до септември!
-
Табарез повеќе не е селектор на Уругвај