| четврток, 6 декември 2018 |

Клара Делевињ отворено за болеста

Секси зелениот фустан, високите потпетици, насмевка и провокативна поза – Кара Делевињ на премиерата на филмот “Suicide Squad”  беше вистинска бомба. Дури откако малку подобро ќе ја погледнете фотографијата ќе ви стане јасно дека на манекенката и била потребна храброст да го облече овоој фустан и да се прошета во јавноста.

Една од најплатените и најпопуларните манекенки храбро го прошетала црвените траги по рацете и нозете, кои во рекламите не се гледаат.

kara-2-520x319

Таа е една од ретките познати личности кои се осмелиле да покажат вакво нешто со оглед дека убавицата боледува од псоријаза.

Станува збор за автоимуно заболување за кое не постои лек, а кое се манифестира на кожата во вид на црвени траги. Се јавува силно чешање, а поради чешањето често доаѓа до крварење.

kara-4

Псоријата е болест која на многумина им направила пекол од животот, а Кара решила повеќе да не молчи за тоа. Позната по тоа дека генерално не молчи за ништо, Кара во еден момент ги кренала и рацете и покажала дека има траги и на подлактиците.

Инаку една од најлошите работи за псоријазата е стресот, затоа што токму во период на силен стрес таа се засилува. Кара и порано зборуваше за псоријазата, дури во една прилика има кажано и дека поради тоа размислува да се повлече од модната сцена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top