| четврток, 6 декември 2018 |

Путин расплака мало девојче, се обиде да го утеши, не успеа, па се засрами (ВИДЕО)

Владимир Путин не успеа да ја импресионира четиригодишната Јана Кулешова, објавија РТ и Њусвик.
Соработници на двата светски медиуми ја коментираат случката од официјален прием, организран од „сопственикот” на Кремљ по повод 1 јуни.

На снимката распространета на светската мрежа, се гледа како девојчето од западниот град Тула се расплакува во моментот кога ќе застане до претседателот.

Путин решава да го смири, клекнува до него и почнува да го гали, но тоа почнува да плаче уште посилно. Тогаш претседателот се обидува да го одвлече вниманието на Јана од камерите, но девојчето се притиска до мајка си и не престанува да липа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top