| четврток, 6 декември 2018 |

Мајката на детето кое падна во кафез со горилата: “Се случуваат несреќи”

Убиството на горилата Харамбе во зоолошката градина во Синсинати, предизвикало многу коментари на интернетот. Од оние кои остро ја напаѓаат одлуката на чуварот и ги бранат правата на животните, до оние кои жестоко ги критикуваат родителите на детето како неодговорни и несовесни.

mama-i-tata-620x350

Мајката на 4-годишното дете се огласила на социјалната мрежа Фејсбук по бурните реакции на луѓето.
“Се случуваат несреќи”, напишала Мишел Грег.

majka-dete-gorila-harambe-01
Да потсетиме, инцидентот се случил кога детето ја прескокнало оградата и паднало во каналот во кој престојувале горилите. На видео-снимката се гледа детето кое горилата го влече низ плитката вода.

По критиките на мајката и предупредувањата од полицијата дека може да се соочи со тужба, Мишел Греб на Фејсбук напишала дека им се заблагодарува на оние кои ѝ даваат поддршка и ја бранат од критиките кои ги добива на социјалните мрежи и медиумите.

majka-dete-gorila-harambe-02

-Мојот син е добро, нема скршени коски, само неколку гребнатини и тоа ми е најважно”, напишала Грег.

Иако сè уште не се обратила јавно, во нејзиниот пост на Фејсбук таа се обидела да се одбрани од критките на нејзина сметка.

-Како општество многу брзо критикуваме и осудуваме родители, но несреќи се случуваат”, продолжила Мишел Грег.

Повеќе од 70.000 луѓе дури и потпишале петиција на интернет да се истражат родителите на 4-годишното дете.

Директорот на зоолошката градина изјавил дека горилата не го нападнала детето, но дека силата и брзината на животното биле голема закана по животот на детето.

Спасувачите наведуваат дека детето било помеѓу нозете на горилата во моментот кога чуварите го застрелале.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top