Родители на седумгодишно момче кое пред два дена исчезна во планинското подрачје на Јапонија, признаа дека го ставиле синот сам во шумата за да го казнат.
Спасувачки екипи два дена го бараат момчето кое родителите го оставиле на север на Хокаидо, шумско подрачје кое е познато по големиот број мечки и други шумски животни.
Родителите на првото испитување во полицијата тврделе дека синот се изгубил додека тие береле зеленчук, но подоцна признале дека намерно го оставиле детето само во шумата на „пет минути“.
Локалните медиуми известуваат дека родителите се одалечиле само неколку метри од момчето, но подоцна не можеле да го најдат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.