| четврток, 6 декември 2018 |

Промоција на културното наследство на Македонија во Њујорк

За најзначајните откритија во областа на археологијата во Република Македонија, предавање ќе одржи реномираниот професор, д-р Драги Митревски, од Филозофскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје

Утре, на 29 април, понеделник, во „Скандинавска куќа“ во Њујорк, во организација на светски реномираното списание „Археолоџи магазин“, кое има континуирана 65-годишна традиција во обработката и презентацијата на теми од областа на заштитата на културното наследство од целиот свет, и на Генералниот конзулат на Република Македонија во САД, ќе биде одржан промотивен настан посветен на презентацијата на културните, археолошките и туристичките вредности на Република Македонија, информираат од министерството за култура.

dragi mitrevski

Пред многубројните  гости од американската археолошка елита, туроператори и туристички агенции од САД, ќе се обрати министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска. На настанот е предвидено и обраќање на Питер Хердрич, извршен директор на Археолошкиот институт на Америка, организација со 133-годишна традиција во заштитата на културното наследство која е издавач на реномираното списание „„Археолоџи магазин“.

За најзначајните откритија во областа на археологијата во Република Македонија, предавање ќе одржи реномираниот професор, д-р Драги Митревски, од Филозофскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје, кој ќе се осврне на значењето на откриените наоди, како и вложувањата во областа на заштитата на културното наследство. Ќе биде прикажан и промотивен видеоматеријал со презентација на културното, археолошкото и туристичкото богатство на Република Македонија.

На  настанот, македонската фолклорна традиција ќе биде презентирана преку настапот на Културно-уметничкото друштво „Свети Кирил и Методиј“ од Њу Џерси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top