Во Технолошко-индустриската развојна зона Струмица денеска ќе биде поставен камен-темелник за почнување на изградбата на новата фабрика на „Џонсон контролс“.
Инвестицијата, според најавите од менаџментот, ќе изнесува 20 милиони долари и се очекува да бидат вработени околу 1.500 лица. Со тоа бројот на вработени во компанијата во Македонија ќе изнесува над 3.000.
На поставувањето на камен-темелникот ќе се обратат вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, потпретседателот на ТРИМ единицата на „Џонсон контролс“ за Европа, Владимир Теплик и директорот на Дирекцијата за технолошкоиндустриски развојни зони, Виктор Мизо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Џонсон контролс“: И покрај политичката криза се одлучивме за инвестиција во нова фабрика во Македонија
-
Мизо: Странските инвестиции се позитивен сигнал за Македонија
-
Груевски објави: Џонсон Контролс ќе гради втора фабрика, нови 1.500 работни места
-
Нови инвестиции на Ван Хул, Џонсон Контролс, Технохозе…