Во Македонија има сè повеќе странски инвестиции, а една од нив е и новата фабрика на „Џонсон Контролс“ во Струмица, што започна да се гради денеска. На оваа тема Телевизија Нова разговараше со директорот на технолошко индустриските развојни зони Виктор Мизо.
„Ова навистина е еден позитивен сигнал, со оглед на тоа што две компании кои што веќе работеа во Македонија, одлучија повторно да ја изберат земјава за своите идни инвестиции. Една од нив е Ван Хул, која го дуплира производствениот капацитет што значи дека од некаде 2018 година околу 1000 автобуси годишно ќе се произведуваат во Македонија“, вели Мизо.
Во однос на инвестицијата од Џонсон Контролс, директорот на ТИРЗ истакна дека го радува фактот што странските инвестиции не се реализираат само во Скопје, туку и низ други градови во земјава.
„По трет пат започнуваме со инвестиција на Џонсон Контролс во трета различна економска зона. Најпрво тоа беше Скопје, Штип, па сега и Струмица. До сега во Струмица немаше сличен голем странски инвеститор и ме радува фактот што не само во Скопје, туку и во други делови од Македонија, се повеќе странски инвеститори одлучуваат да го лоцираат производството токму тука“, додаде Мизо.
Тој потсети дека во моментов во Бунарџик освен „Ван Хол“ се градат две други фабрики, „Хај Тек“ и „Гес“, потоа во Штип, „Кондево“ го завршува производствениот капацитет, што значи дека ќе бидат целосно завршени за два месеци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Од земја која никој не ја знаеше, Македонија ја направивме една од најатрактивните за инвестиции
-
„Чагатај кабло“: Во јули ќе почнеме со градба, на почетокот од 2018-та започнуваме со работа
-
Компаниите веруваат во државата: Нови странски инвестиции влегуваат во Македонија
-
Пешевски и Мизо ќе ја посетат фабриката во изградба на „ОДВ електрик“