Списанието наведува дека аферата со прислушувањето влијаела неколку американски компании да се откажат од плановите за инвестирање во Македонија, но сепак, во 2015 година, компанијата Лир од САД најавила отворање на фабрика за автомобилски текстил како дел од нивната стратегија да го запрат производството во Мичиген. Потоа, Џонсон Контролс најавил отворање на трета слична фабрика во Македонија.
–Имавме проблеми со нашиот капацитет за производство во Европа, и поради тоа спроведовме темелна анализа за тоа каде да инвестираме. На крајот заклучивме дека треба да инвестираме во Македонија, вели Вили ван Лој, глобален директор во Џонсон контролс, во разговор со Форбс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.