| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски објави: Џонсон Контролс ќе гради втора фабрика, нови 1.500 работни места

гр

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ денес на социјалната мрежа Фејсбук објави дека компанијата Џонсон Контролс ќе гради втора фабрика во Македонија која ќе отвори 1.500 нови работни места.

Уште една извонредна вест за Македонија!

Нови инвестиции. Нови работни места.
Американската компанија Џонсон Контролс денеска потпишува нов договор за изградба на втора фабрика во Република Македонија. Новиот капацитет на Џонсон Контролс ќе произведува навлаки за седишта за автомобилската индустрија. Инвестицијата е во вредност од најмалку 20 милиони долари и ќе се реализира ТИРЗ Струмица. Изградбата на фабриката треба да започне во април годинава, а во погоните е предвидено да се вработат околу 1500 наши сограѓани од Струмица и струмичко. Тоа ќе значи и поголем број на индиректни нови вработувања во владината слободна економска зона во Струмица.
Денешното потпишување е практична потврда на тоа што го најавив уште во Август во Струмица. Тоа е практична потврда и на напорите кои ги вложувавме и ги вложуваме за подобрување на бизнис климата. Потврда дека тоа што го ветуваме и говориме, навистина го остваруваме.

Џонсон Контролс знаат зошто одлучуваат да одат со втора инвестиција во Република Македонија. Со оваа инвестиција во Џонсон Контролс ќе се вработат вкупно околу 3000 лица. Разговорите со американската компанија не беа ниту кратки, ниту едноставни и се водеа од април до октомври. Еден од круцијалните моменти веројатно беше состанокот кој заедно со Виктор Мизо и нивните претставници го остваривме на почетокот на мај минатата година.
Нашата програма за привлекување на странски инвестиции и отворање на нови работни места дава резултати и ќе продолќи да дава уште повеќе.
Нека е со среќа!, пишува Груевски на Фејсбук.

gru

Додека во мај во Владата течеле преговори со оваа американска компанија за нејзината втора инвестиција и отворањето на нови работни места, СДСМ организираше протести пред владината зграда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top