| четврток, 6 декември 2018 |

Нови инвестиции на Ван Хул, Џонсон Контролс, Технохозе…

инвестиции-Ќе ме гледате и тоа многу брзо на почетокот на изградбата на новата-втора фабрика на произведителот на автобуси на белгискиот Ван Хул, кого го донесовме во Македонија, и кој заради добрите услови за правење бизнис кои ги ветивме и создадовме, одлучи да изгради уште една нова фабрика и да вработи нови 500 невработени луѓе, кои сега немаат работа- најави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, кој во обраќањето пред Унијата на жени најави дека ослободен од административните обврски, сега ќе се посвети на реализација на ветеното, при што наговести нови инвестиции.

-Ќе ме гледате и на потпишувањето на договорот со американскиот гигант Џонсон Контролс за градба на нова фабрика во Стумица каде ќе се отворат нови 1500 работни места за луѓе кои сега се невработени,инвестиција која ја најавив летово, а неодамна компанијата ја потврди и објави одлуката за инвестирање во Македонија, ќе ме гледате и на отворањето на новата втора фабрика на италијанскиот Технохозе во која ќе се вработат најмалку 100 невработени лица, ќе ме гледате и слушате и наскоро при објава на две нови германски инвеститори, едната во еден помал град во југозападниот дел на Македонија каде ќе се вработат само за почеток 150 невработени лица, другата во делот на машинската индустрија со најмалку 60 невработени главно инжињери, ќе чуете од мене и за резултатот од мојот и на мојот тим од ВМРО ДПМНЕ напор за донесување на нова компанија за производство на софтвер која ќе ангажира најмалку 200 луѓе, ќе ме гледате и слушате уште на многу места, прилики, настани- рече во своето обраќање на Годишната конференција на Унијата на жени претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top