| четврток, 6 декември 2018 |

Ангеловски со осум млади репрезентативци на пријателските со Азербејџан и Иран

Дури осуммина членови на младата репрезентација ќе бидат дел од сениорскиот национален тим за претстојните два пријателски дуели против Азербејџан и Иран што се закажани за 29 мај и 2 јуни.

makedonija-lebanon-14

Дебитанти се Бојан Најденов од Работнички, Дејан Пешевски од Подбрезова и Никола Ѓорѓев од Грасхоперс. Иако овие два натпревари претставуваат генерална проба за македонската репрезентација пред почетокот на квалификациите за Светското првенство, селекторот Ангеловски одлучи да го подмлади тимот и да им даде шанса на дел фудбалерите што ги освоија симпатиите на целата домашна спортска јавност со своите изданија во квалификациите за Европското првенство У-21. На списокот нема неколку стандардни фудбалери кои беа столб на националниот тим последните години, но такво нешто и се очекуваше по очајните настапи во квалификациите за ЕУРО 2016.

Од носителите на играта, тука е капитенот Горан Пандев заедно со Трајковски, Тричковски и Несторовски, потоа Шиков и Ристовски, а повратник е Ферхан Хасани кој се повреди токму на натпревар на репрезентацијата и тоа против Украина во октомври. Мал проблем за фудбалерите од младинската репрезентација е тоа што на 27 мај гостуваат во Украина во седмиот натпревар од квалификациите за Европското првенство, а само два дена подоцна е мечот против Азербејџан во Австрија.

spisok na reprezentativci

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top