Францускиот интернационалец Антоан Гризман во редовите на Атлетико Мадрид кој игра фантастична сезона, ќе остане во составот на „јорганџиите“ и следната сезона. Тој ја одбил понудата на англискиот премиерлигаш Челси и најавил дека не размислува за напуштање на „Висенте Калдерон“ ова лето. Челси понудил 63 милиони фунти за ангажман на одличиот напаѓач кој има извонредна сезона во тимот на Диего Симеоне.
Сепак, Гризман сега е фокусиран на настапот во финалето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид, а потоа ќе биде и дел од селекцијата на Франција на Европското првенство кое ќе се одржи во неговата земја. Токму поради ова, тој воопшто и не сака да размислува за евентуален трансфер во летниот преоден рок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.