| четврток, 6 декември 2018 |

Со овации и долг аплауз отворени 44. Мајски оперски вечери

Со премиерата на „Евгениј Онегин“ синоќа во Македонската опера и балет беа отворени 44. Мајски оперски вечери.

Спектаклот кој и беше приреден на публиката и најпребирливите ги остави без зборови. Режијата, сценографијата, костимите, играта и секако гласот на солистите предизвикаа овации и долг аплауз на крајот на претставата.

61A0223901BBFC479614252C0E19CFC0

Операта во три чина „Евгениј Онегин“ работена според познатиот роман во стихови на Александар С. Пушкин беше вистински погодок за љубителите на оперската уметност. Во улогата на Татјана настапи гостинката од Украина, сопранистката Тамара Клинкина, која имаше забележителен и емотивен настап. Насловната улога на Онегин ја толкуваше 25 годишниот македонски баритон Иван Наумовски, а во улогата на Ленски, пријателот на Онегин кого го убива во двобој, настапи тенорот Домагој Доротиќ од Хрватско народно казалиште во Осијек.  Олга ја играше македонската мецосопранистка Николина Јаневска, а во останатите улоги настапија Марика Поповиќ како Ларина, Елена Петрушевска како Филипјевна, Владимир Саздовски како Кнез Гремин, Диме Петров како Капетанот, Борко Биџовски како Зарецки.

5DC6FEDC4BEFA040B52DD2EFC59FBE7F

Се танцуваше на ролери, се пееше од срце, костимите, сценографијата, танцот и режијата во целост доловија прекрасна руска бајка на сцената.

Солистите, под диригентската палка на Саша Николовски Ѓумар ги придружуваше оркестарот и хорот на МОБ.

фото Утрински весник

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top