| четврток, 6 декември 2018 |

Во Гевгелија почна саем на книга

Во Гевгелија денеска почна петдневен саем на книгата во организација на градската библиотека „Гоце Делчев“. На саемот учествуваат реномирани издавачки куќи од земјава кои ќе ги претстават своите најнови изданија од повеќе литературни и книжевни жанрови. Директорот на гевгелиската библиотека Дамјан Ѓуров, рече дека на штандовите кои се потавени на отворено, со свој избор изданија се претставуваат издавачките куќи „Антолог“, „Феникс“, „Матица Македонска“ и „Литература“. ­

-Ова е вистинска можност за љубителите на пишаниот збор од општина Гевгелија да купат по намалени цени книги од најнова продукција, рече Ѓуров.

Саемот на книгата во Гевгелија може да се посети одденеска до петок во период од 9 до 18 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top