Инспектори од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) вчера биле во Гевгелија за да ги проверат картоните кај матичниот лекар и матичниот гинеколог на Елизабета Савиќ-Динева (31), родилка која почина пред четири дена на КАРИЛ во Скопје откако претходно се породила во гевгелиската болница. Проверки се прават и во болницата откако блиски на починатата обвинија за лекарска негрижа и бараат одговорност, објави „Независен“.
„Република“ објави дека Савиќ-Динева се породила на 29 јуни во Гевгелија со царски рез и на свет донела здраво бебе. По три дена, била пуштена заедно со бебето. Состојбата ѝ се влошила додека била дома, добила грчеви. Од болницата во Гевгелија била препратена на Клиниката за неврологија во Скопје.
Д-р Иван Барбов, директор на оваа Клиниката, за „Независен весник“ вели дека пациентката престојувала кај нив само пет-шест часа. Нејзината состојба станала „драматична“, поради што ја препратиле на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ). Кога била донесена, тие имале информација дека дома добила епилептични напади, но немала отпусна листа од гевгелиската болница. Таму била направена компјутерска томографија и ЕЕГ и резултатите биле во ред. И била дадена терапија за тромболитичен мозочен удар. Во тек на денот почнала да добива чести епилептични напади и поради тоа била префрлена на КАРИЛ.
Кој и зошто ја сокри смртта на родилката Елизабета од Гевгелија?
Директорката на КАРИЛ, д-р Маја Мајсова за „Република“ изјави дека пациентката била донесена кај нив во крајно критична состојба, без дишење. Лекарите еден час се бореле за нејзиниот живот. Доктор од КАРИЛ бил повикан на консултации додека Савиќ-Динева престојувала на Клиниката за неврологија. Тогаш била свесна, разговарала со лекарот и немала епилептични напади. Починала по две недели во кома. Телото е предадено за обдукција.
Лекари велат дека семејството на Елизабета дало информации дека таа била алергична на повеќе лекови и дека и за време на бременоста имала кратки напади. Точните причини за смртта ќе бидат познати по обдукцијата.
Во октомври 2015 година, во гевгелиската болница на породување почина родилката Маја Кадиева. За смртта беше покренато обвинение против двајца анестезиолози и двајца гинеколози. Вештаците утврдија дека смртта настапила насилно, од задушување, поради погрешна интубација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Животот со глава се плаќа во мандатот на Филипче: Родилка во кома хоспитализирана на геријатрија
-
Медицинска компликација причина за смртта на родилката од Свети Николе
-
Гинекологија Чаир: Родилката почина како резултат на комплицирана бременост
-
Филипче: Завршниот извештај за смртта на родилката од Свети Николе го очекуваме идната недела