| четврток, 6 декември 2018 |

Славје во Пробиштип, Вардар ја освои „ла десима“

vardar fudbal

Најтрофејниот македонски клуб, екипата на Вардар стигна и до својата десетта титула во историјата, осигурувајќи го трофејот во сезоната 2015/2016 на едно коло до крајот од првенството по денешната победа против Шкупи во Пробиштип од 2-0.

„Црвено-црните“ сосема заслужено стигнаа до нова шампионска круна, денеска до триумфот стигнувајќи со два погодоци во второто полувреме, најпрво на капитенот Бобан Грнчаров во 50. минута, а потоа и на ерменскиот интернационалец Хофханес Хабмарџумјан во 78. минута.

Сето тоа беше доволно за славје на „вардарци“ во Пробиштип, заедно со своите „Комити“.

vardar fudbal 1

Во Гостивар, пак, Шкендија лесно стигна до победата од 3-0 против Силекс. Бразилецот Виктор Јуфо во 17. минута и Артим Положани во 49. минута беа стрелци на првите два гола за тетовци. А, мечот го одбележа и македонскиот репрезентативец Ферхан Хасани, кој по претходното враќање на терените, сега враќајќи се во својата препознатлива форма во 77. минута беше стрелец на третиот гол за Шкендија.

Во последниот натпревар од 31. коло во плејоф разигрувањето, Брегалница и Работнички одиграа натпревар без голови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top