Германското министерство за надворешни работи денеска назначило нов специјален пратеник за Македонија. Во објавата на Министерството се вели дека министерот за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер го именувал Јоханес Хајндл за нов пратеник којшто ќе работи заедно со Европската Унија и САД и ќе помага при решавање на кризата во Македонија.
Пред назначувањето на Хајндл, за специјален претставник на Германија за Македонија, Југоисточна Европа, Турција и земјите од ЕФТА беше дипломатот од кариера Ернст Рајхел кој минатиот месец беше назначен за амбасадор на Сојузна Република Германија во Украина.
Во објавата на германското МНР се вели дека Хајндл е назначен за пратеник само за Македонија без да се споменуваат Турција, Југоистична Европа и земјите на ЕФТА. Хајндл е актуелен германски амбасадор во Австрија. Тој пред 14 години работел како шеф на одделот за Југоисточна Европа и Турција во германското МНР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шумската мафија годишно заработува и до 25 милиони евра (видео)
-
Македонците ќе имаат најкраток работен век во Европа
-
Бучковски: Голем предизвик е да се биде амбасадор во САД, но не сум разговарал ниту со премиерот, ниту со Димитров
-
Баздникин: Факт е дека референдумот во Македонија е неважечки(видео)