Сергеј Александрович Баздникин, амбасадор на Руската Федерација во Република Македонија, во интервју за „Спутник“ изјави дека факт е дека референдумот во Македонија е неважечки.
Според него, референдумот како демократска форма на изразување на волјата на граѓаните е во ред. Но, како што истакнува тој, факт е дека на референдумот во Македонија на кои се гласаше за спроведување на договорот со Грција за промена на името на Македонија и членството на земјата во ЕУ и НАТО гласаа само 36,9 отсто од населението.
-Се разбира, ние сме многу внимателно го следевме текот и резултатите од референдумот што се одржа во Македонија. Сега веќе е сосема јасно дека македонските гласачи не излегоа, бидејќи се против одлуката која се обидуваат да ја наметнат од надвор. Очегледно е дека огромното мнозинство, речиси две третини од граѓаните не сметаат дека договорот од Преспа меѓу Грција и Македонија, е најдобар инструмент за надминување на овие разлики кои постојат околу државното име Македонија – рече рускиот амбасадор.
Амбасадорот Баздникин додава дека она што е факт, имајќи предвид дека на референдумот излегоа само 36,9 отсто од гласачите со право на глас, а требаше да излезат 50 отсто плус еден гласач, резултатите од гласањето потврдија дека референдумот е неважечки.
-Русија, како постојана членка Советот за безбедност на Обединетите нации, внимателно го следи процесот на решавање на овој проблем, и нашата принципиелна позиција останува непроменета – долгорочното решение може да се најде само кај граѓаните, без наметнување надворешни фактори, строго во рамките на уставно-правниот поредок. Тоа мора да се базира на широка јавна поддршка и мора да биде врз основа на принципите и нормите содржани во Повелбата на Обединетите нации – додаде тој.
Амбасадорот додава и дека Русија не излегла со било какви јавни изјави во врска со референдумот, со цел тоа да не се толкува како обид да се влијае на исходот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)