| четврток, 6 декември 2018 |

Бучковски: Голем предизвик е да се биде амбасадор во САД, но не сум разговарал ниту со премиерот, ниту со Димитров

Поранешниот премиер Владо Бучковски негира дека ќе биде амбасадор во САД. Тој за „Плусинфо“ изјавил за ова досега не разговарал ни со премиерот Зоран Заев, ни со шефот на дипломатијата Никола Димитров.

– Голем предизвик е да се биде македонски амбасадор во САД, но за волја на вистината, ниту со премиерот, ниту со министерот за надворешни работи Димитров, не сум разговарал на оваа тема – вели Бучковски.

„Магазин“ објави дека според неформален список на министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Димитров, името на Владо Бучковски е резервирано за амбасадорското место во САД.

Од Министерството за надворешни работи за „Магазин“ ниту ја потврдиле, ниту ја демантирале веста.

– Денеска е недела и не можам да проверам дали е информацијата точна. Не е ништо итно, ќе проверам утре – вели портпаролката на МНР Елена Пресилска.

Бучковски наместо во затвор, амбасадор во САД?!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top