Граѓаните се обединети за крај на кризата и гласно порачуваат: „Избори се единственото решение за крај на агонијата во која се наоѓа Макеоднија“. Oд ГДОМ известуваат дека вечерва во 9 града ќе се одржат народни собири.
Вечерва оваа порака ќе биде пратена на големи народни собири во организација на Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ) кои ќе се одржат насекаде низ државата: во Битола, Штип, Велес, Делчево, Гевгелија, Струмица, Куманово, Радовиш и Тетово. Сите собири започнуваат во 19 часот.
Македонија е обединета. Стоп за деструктивните сценарија, доста ни е од наметнатата криза. Избори мора да има, народот мора да го искористи демократското право да одлучува за својата иднина! Се гледаме вечер!, порачуваат од ГДОМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.