Тврдењата на сопругот на Лепа Брена, поранешниот тенисер Слободан Живојиновиќ дека бил во врска со британската принцеза Дајана додека таа била мажена за принцот Чарлс стигнаа до британскиот печат и
Боба, кој има 52 години, тврдеше дека нивната врската почнала на крајот на 1980-тите, кога принцезата го гледала како игра на Вимблдон, по што двајцата станале „екстремно блиски“.
-Во првиот разговор таа ме праша дали сум тенисер со најбрз сервис и јас и кажав да. Потоа секогаш ме прашуваше како е сервисот, и потоа почнавме да се гледаме.
Таа беше прекрасна жена. Со неа можев да зборувам за сите работи и дури малите работи беа фасцинантни. Не сакам да зборувам за детали бидејќи таа веќе не е со нас.
Можам само да кажам дека е одлично кога некој како неа ќе навива за тебе – изјави пуларниот Боба, кој прв пат се сретнал со Дајана во 1987 на Вимблдон.
Тој вели дека и неговиот најстар син Филип се сеќава на Дајана и дека не му верувал кога татко му го запознал и му кажал дека таа е принцеза.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.