| четврток, 6 декември 2018 |

Червар: Не знам дали ќе бидам селектор, но во јуни играме со Чешка

lino-cervar-19

Повторно се споменува Лино Червар како нов можен селектор на македонската машка сениорска ракометна репрезентација.
Тој сеуште размислува, но веќе сега, кога зборува околу репрезентацијата, зборува со „ние“.

Лино Червар за хрватскиот портал “24casa”.hr тврди дека сеуште не се одлучил што ќе направи. Сепак, седум години работи во Македонија и тешко дека и трет пат ќе ја одбие понудата да биде селектор.

– Веќе двапати ги одбив, последен пат во 2013. година, по што на местото селектор дојде Ивица Обрван.Тие ме посакуваат, тоа не е тајна. Немам многу време за размислување, веќе во јуни Македонија ќе игра квалификации (бараж) за Светско првенство – изјави Червар.

На прашањето со кого игра македонската репрезентација, тој одговори: – Играме со Чешка.

После овој одговор Червар само се насмеа, практично откри дека е навистина e на чекор од македонската клупа и дека наскоро би можел да стане селектор на македонската ракометна репрезентација.

– Би ги водел истовремено и клубот (Металург) и репрезентацијата, сакам да работам. Знаете дека јас сум голем работник и дека не можам без ракометот. Имаме 12 млади ракометари кои се иднината на ракометот во оваа земја. Металург е шампион во сите помлади возрасти, така што одлично ги познавам тие играчи – додаде Червар за „24sata.hr“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top