| четврток, 6 декември 2018 |

„Железниот човек 3“ премиерно во Македонија, па во САД

Премиерата на најочекуваниот блокбастер за оваа година „Железниот човек 3“ македонската публика ќе има можност да ја погледне во „Синеплекс“ денеска, една недела пред премиерата во САД.

Станува збор за третото продолжение на суперпопуларната филмска франшиза чии два први дела до денес заработиле повеќе од 630 милиони долари. Филмот е режиран од Шејн Блек. Покрај главниот херој и главниот негативец кои се играни од страна на Роберт Дауни Џуниор и Бен Кингсли, во филмот главни улоги имаат и Гвинет Палтроу, Дон Чидл, Џон Фавро, Гај Пирс, Пол Бетани и Ребека Хол.

Своја премиера ќе има и филмот „Транс“ на познатитот режисер Дени Бојл. За најмладите следува и шареноликата авантура на егзотични птици од водопадот Викторија, филмот „Замбезија“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top