| четврток, 6 декември 2018 |

Новиот македонски селектор Драган Раца е во потесниот круг на тренери за наследник на Ѓорѓевиќ во Панатенаикос

dragan raca

Пред само неколку дена раководството на Македонската кошаркарска федерација објави дека за нов селектор на машката сениорска репрезентација е назначен српскиот тренер Драган Раца. И додека за неговата работа и квалитетот се уште се водат полемики во македонската јавност, вечерва, потврдуваат за Република, грчкиот гигант Пантенаикос контактирал со Раца за наследник на Ѓорѓевиќ.

Во потесниот круг на тренери освен Раца е грчкиот стручњак Педулакис, кој во својата кариера веќе беше тренер на Панатенаикос во период од 2012 до 2014 година.

Сепак, ако управата на Панатенаикос се одлучи да го ангажира Раца на тренерското место, за тоа ќе мора да се согласи и Македонската кошаркарска федерација, бидејќи тој веќе има потпишано професионален договор.

Може да се случи МКФ да му дозволи на Раца да биде и селектор на Македонија и тренер на Панатеникос.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top