ардар и Шкендија во победнички ритам го стартуваа плејоф разигрувањето за шампионската титула, победувајќи во 28. коло од Првата македонска фудбалска лига против Брегалница, односно Работнички.
Вардар подолго се мачеше со Брегалница, но на крајот заслужено стигна до победата од 2-1. По долго мачење во првото полувреме, „вардарци“ поведоа со голот на Јасир Асани во 43. минута. Но, по само две минути штипјани израмнија преку погодокот на Танушев и грешката на голманот Филип Гачевски. Со шут од околу 25 метри, Танушев успеа да го изненади несигурниот Гачевски.
Сепак, триумфот на „црвено-црните“ со гол во 62. минута го донесе Аце Стојков.
Шкендија, пак, многу побрзо ја најави посакуваната победа. Уште во 3. минута погоди Жуниор од непосредна близина, по корнерот на Ибраими. Во продолжение Работнички воспостави контрола на теренот, но не успеа да го загрози домашниот гол.
Во второто полувреме, Шкендија зголеми на 2-0 со голот од пенал на Бесарт Ибраими. Во 55. минута, Работнички остана и со играч помалку по исклучувањето на Горан Силјановски, но тоа не ги спречи гостите да дојдат до намалување на резултатот преку Најденов во 63. минута. Сепак, на крајот трите бода за Шкендија ги осигура Арменд Алими во 85. минута.
резултати ПМФЛ 28.коло:
Плеј-оф:
Вардар – Брегалница 2-1
Шкендија – Работнички 3-1
Силекс – Шкупи 1-0
Табела: Вардар 68 бода, Шкендија 66, Силекс 43, Шкупи 38, Работнички 36, Брегалница 33 бода.
ПЛЕЈ-АУТ
Хоризинт Т. – Младост ЦД. 2-0
Ренова – Металург 3-1
Табела: Хоризонт Т. 36 бода, Ренова 34, Младост ЦД 16, Металург 16 бода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.