| четврток, 6 декември 2018 |

Здружението на македонски кошаркари со поддршка за раководството на МКФ

rabotnicki 3

Здружението на кошаркарски играчи во Македонија преку официјално соопштение изрази поддршка на предлогот на актуелното раководство на МКФ за намалување на бројот на странски кошаркари во екипите, почнувајќи од следната сезона. Токму оваа би требало да биде една од „најжешките“ точки на претстојното Собрание на МКФ закажано за 23 април, со оглед на фактот дека наспроти раководството на МКФ и играчите од една страна, голем дел од клубовите од Здружението на прволигаши се против ваквиот предлог.

Соопштението од Здружението на кошаркарски играчи во Македонија го пренесуваме во целост:

Здружението на кошаркарски играчи како еден од најбитните субјекти, барем преку протагонистите на кошаркарската игра, преку ова соопштение дава свој став околу предлог промените во Регистрацискиот правилник и Статут на МКФ кои ќе бидат на дневен ред на Собранието на МКФ кое ќе се одржи на 23.04.2016.

Имено, нашето залагање за подобрување на условите за натпреварување во Македонската кошаркарска лига, статусот на македонските кошаркари во Македонската кошаркарска лига и иднината на Македонската копшаркарска репрезентација воопшто, конечно наидува на слух од новото раководство на МКФ. Предлозите за промени од страна на МКФ, се од круцијална важност за иднината на македонската кошарка и во таа насока Здружението на кошаркарски играчи со оптимизам ќе го чека Собранието на 23.04.2016

Здружението на кошаркарски играчи на Собранието ќе ги повтори и потврди досегашните ставови во однос на бројот на македонски регистрирани играчи во домашното првенство, бројот на странските регистрирани играчи во домашното првенство како и ставот за условите за работа на играчите ширум кошаркарските терени во Р. Македонија.

Со ова писмо Здружението на кошаркарски играчи нема намера да влегува во конфликт со Здружението на прволигаши, напротив, има искрена желба да се најдат најквалитетни решенија во корист на кошарката во Р. Македонија, како и на двете здруженија, поддржани од МКФ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top