| четврток, 6 декември 2018 |

Оливер Андонов: СДСМ е заложник на странски амбасади од кои зависат изборите на 5 јуни

Неколку илјади граѓани од општина Штип се одзваа на повикот на ГДОМ против деструктивните сценарија на опозицијата, рушењето на волјата на народот и одбрана на државата. По завршувањето на мирниот протест на ГДОМ во Штип во изјава за ТВ Нова состојбата ја коментира аналитичарот Оливер Андонов.

stip-gdom

– Претседателот на Собранието ги распиша изборите, но СДСМ продолжува да се противи сакајќи да ја продлабочи кризата. Освен избори на 5­ јуни, ГДОМ побара да се укине и аболицијата на Зоран Заев. Планираме утре собир на граѓаните во Прилеп, но она што ќе се случува на 5 јуни ќе зависи од некои амбасади кои му помагаат на СДСМ, но кои не се залагаат за интересите на опозицијата, туку лично за своите интереси, истакна еден од организаторите во изјава за ТВ Нова, Оливер Андонов од ГДОМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top