Премиерот Зоран Заев ја почна теренската кампања во пресрет на референдумот и патува низ градовите да ги убеди граѓаните дека треба да гласаат ЗА договорот со Грција и промена на уставното име на Република Македонија.
По дебаклот што го доживеа во Кочани попладнево, вечерва тој е во Штип каде има околу 500 граѓани.
На лице место можеше да се забележи дека се носеа и граѓани со три автобуси, четири комбиња и многу автомобили.
Инаку преполните автобуси, комбиња и автомобили беа со регистарски таблички од Кочани, Пробиштип, Струмица и Македонски Брод.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.