И Велес излезе да ѝ даде поддршка на иницијативата на Граѓанското движење за одбрана на Македонија ГДОМ. Уметници, актери, интелектуалци, илјадници велешани излегоа на мирен протест за да изразат револт од деструктивната политика на опозицијата, за да истакнат дека изборите се единственото решение за надминување на кризата чија сериозност ѝ се заканува на државата и претставува сериозна кочница за напредокот.
„Одбрана, одбрана“ ечеше низ велешките улици.
Оваа држава мора да се одбрани и оваа држава не ја даваме на насилници и криминалци како Заев, истакнуваат поддржувачите на ГДОМ.
Од Граѓанското движење повикаа на силен одзив на граѓаните против деструктивните сценарија спроведувани од опозицијата, рушењето на волјата на народот и одбрана на државата и институциите. Иако ГДОМ ги прекина масовните мирни собири во Скопје, на барање на граѓаните јасно да ја изразат својата волја против актуелните случувања и деструкцијата на СДСМ, ГДОМ денеска организира масовни протести во Битола и Штип и Велес.
Членовите на ГДОМ истакнуваат дека како што народот ја создал оваа држава, така и ќе ја одбрани сега кога се чуствува отворена закана за нејзино подривање застанува на бедемот и одбрана на институциите и зачувување на мирот.
Деструкцијата и насилието што се спроведуваат од приврзаниците на СДСМ не се израз на волјата на мнозинството. Кога насилието ќе го замени разумот, кога пресметките ќе се главна содржина на политичкото дејствување, тогаш нема напредок. Тоа граѓаните ќе го осудат. Македонија мора да оди напред, да се развива, истакнуваат од ГДОМ.
Слободата и демократијата се брани токму од тие од каде што извира, а тоа е народот. Затоа народот ќе си ја брани својата волја и зачува својата слобода. Потребни се избори, волјата на народот се изразува единствено на избори од кои нема бегање. Тоа е врвен демократски чин, нема поголема демократија од тоа да се одлучи на избори. СДСМ со бегањето од избори, бега и се плаши од волјата на народот.
Нема случај никаде во светот опозиција да бега и да се плаши од избори. Деструкцијата не е опција со која државава оди напред. Насилието не е опција која ќе донесе подобро утре за народот, затоа е потребна одлучност со каква располага нашиот народ, народот ќе си ја одбрани државата, слободата и зачува мирот, истакнуваат од ГДОМ.
Претходно ГДОМ одржа масовни собири во Скопје, на кои излегоа над 20 илјади граѓани и мирно го изразија својот револт од кризата наметната од опозицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.