| четврток, 6 декември 2018 |

Објавена листа на 100 најдобри доктори во Македонија

doktori

Министерството за здравство ја објави листата на најдобро рангираните ТОП 100 доктори во јавните здравствени установи, согласно критериумите од проектот за плаќање по успешност, со цел валоризирање на работата на оние кои најмногу се залагаат во работењето на јавните здравствените установи.

Станува збор за најдобро рангираните 100 доктори за месец февруари, од универзитетските клиники, специјални, клинички и општи болници во
државата, кои со покажаните резултати во работењето претставуваат движечка сила во своите институции. Тие, исто така се успешни професионалци, кои секојдневно, со својот ангажман, посветено придонесуваат за обезбедување што подобри и поквалитетни здравствени услуги за пациентите и воопшто за унапредување на здравствениот систем во државата.

Сите овие наградени доктори стануваат дел од „Клуб 100-најдобри доктори“, добиваат парична награда од 30.000 денари и истовремено имаат право на вршење дополнителна дејност во матичната институција каде работат, како и во останатите јавни здравствени установи. Изборот е направен според воспоставени критериуми, како што се остварениот учинок во месец февруари, бројот на извршени интервенции, типот на извршени интервенции, реализирани обуки и слично.

Во првите 10 најдоброрангирани доктори-специјалисти се Гордана Оранска-Универзитетска клиника по хируршки болести “Св. Наум Охридски”, Владимир Поповски – ЈЗУ УК за максилофацијална хирургија, Игор Пеев- УК за пластична и реконструктивна хирургија, Емилија Влашки – ЈЗУ УК за детски болести, Слободан Дамјановски – ЈЗУ УК за нврохирургија, Билјана Кузмановска- ЈЗУ УК за ТОАРИЛУЦ, Магадалена Генадиева Димитрова-ЈЗУ УК за Гастроентерохепатологија, Сузана Николовска – ЈЗУ УК за дерматовенерологија, Јасмин Циривири- Градска општа болница 8-ми Септември, Сашо Ценов- ЈЗУ Клиничка болница Штип.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top