| четврток, 6 декември 2018 |

Обрван: Изгоревме во сонот и загубивме, треба да се повлечам

ivica-obrvan-2

На селекторот на нашата ракометна репрезентација, Ивица Обрван, свесен за слабата игра на неговите избраници и покрај преголемата желба за победа, не му преостана ништо друго освен да му честита на Тунис за подобрата игра. Тој најави и заминување од селекторската функција:

„Честитки за туниската селекција. Сите ние заедно имавме голем сон да се обидеме да избориме за првпат Олимпијада. Изгоревме во тоа и заслужено сме поразени. Лошо го отворивме мечот во грч, имавме големо заостанување и не се вративме во мечот. Имавме неколку шанси, но сепак противникот беше поумешен. Не знам дали ова е момент да зборувам, но ако треба да одговорам по овој неуспех, заедно со овие момци остварив 6-7 цели. Ова беше најубавиот и најважниот, но не го остваривме. Јасно е дека по овој неуспех треба да се повлечам и задоволство ми беше што бев селектор“, истакна селекторот Обрван по мечот со Тунис, кој нашата репрезентација го загуби со 32-26.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top