Ивица Обрван со победа jа заврши селекторската функција во нашата репрезентација, која траеше повеќе од три години. Хрватскиот стратег им се заблагодари на сите за укажаната доверба и соработката со луѓето од федерацијата и со ракометарите, осврнувајќи се накратко и на неуспехот на овој предолимписки турнир:
„Поминав подолг период на чело на оваа репрезентација, нормално е да бидам емотивен во ваков момент. Само да кажам дека пред натпреварот ги гледав немо дресовите кои требаше да ги облечат, чувството беше неверојатно, премногу ги засакав сите во оваа репрезентација, сите луѓе од се срце. Сакам да се заблагодарам на РФМ на чело со врвниот претседател Живко Мукаетов и неговите најблиски соработници за начинот на кој ја водат федерацијата. Ние како репрезентација се изборивме за овој квалификациски турнир, никој не ни даде вајлд-карта за такво нешто. Мислам дека зад себе ја оставам репрезентацијата со најдобриот рејтинг во нејзината историја. Не освоивме медал, не се лутете, но мислам дека ќе мине доста време за такво нешто да се случи. Сите го сонувавме Рио, можеби и премногу. Јас и одреден број на луѓе знаевме дека нема да биде толку лесно. Македонската репрезентација ќе ми остане во феноменално сеќавање, дадов се од себе, некогаш имавме и жолчни расправи, но сето тоа беше за доброто на националниот тим. Ви посакувам многу успех во иднината“, истакна Обрван на својата последна прес-конференција како селектор на Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Со пораз од Данска, Македонија се прости од Европското првенство
-
Храбрата и млада Македонија има 12 – 12 на полувреме против моќната Данска
-
Чешка и Словенија одиграа нерешено и ја отпишаа Македонија од битката за петто место
-
Неверојатни комбинации: Кој со кого е цимер во македонската репрезентација?