УО на РФМ го смени стручниот штаб на машката сенорска репрезентација, и реши комисија да го одреди иднот селектор кој треба да биде избран на конкурс.
Обрван имаше договор со РФМ до крајот на јуни годинава, односно по завршување на квалификациските натпревари за СП 2017. Селекторот по поразот од Тунис во Гдањск од квалификациите за ЛОИ си понесе оставка, но УО, сепак, му изгласа недоверба.
Комисијата која ќе го избере новииот селектор ја сочинуваат: Милчо Чакарески (директор на репрезентација), Гино Стрезовски (претседател на тренерската организација) и Славе Атанасовски (прв македонски селектор).
– Треба да се оди во итно и радикално вклучување на младите категории, кои сакале и несакале ќе мора да го носат товарот на тоа. Го оставаме на некои други тоа да го решат. Не успеавме оваа мисија да ја исполниме – изјави Муакетов.
По УО ќе следи и Собрание на РФМ каде најглавна точка е останувањето на Мукаетов на претседателската функција при РФМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.