Кормиларот на македонската ракометна репрезетнација Ивица Обрван на денешната прес-конференција со оптимизам ја пренесе атмосферата во селекцијата, и изјави дека оваа генерација е зрела и заслужува пласман на Олимпските игри во Рио оваа година.
– Мотивирани сме максимално, со една јасна желба – на овој турнир во Гдањск да стигнеме до едно од првите две места во групата. Едвај го чекаме првиот натпревар, верувам во сите играчи, во сите луѓе кои се грижат за нас во моментов, за да стигнеме до Олимписките Игри, за првпат во историјата на Македонија во еден колективен спорт. Во Полска ќе патуваат 18 играчи, а ракометарот кој ќе отпадне од комбинација ќе го обелоденам по вечерашниот тренинг – порача селекторот Обрван.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.