| четврток, 6 декември 2018 |

Најмлада жртва на трговија со луѓе – 12-годишно девојче

Дванесет годишно девојче од струмичко е најмладата жртва на трговија со луѓе. Во моментов е на ресоцијализија и социјализација во шелтер центарот во Скопје. Овој го соопштија од невладината организација „Продолжен живот“ со констатација дека возрасната граница на жртви од трговијата со луѓе се намалува, јави „ТВ ВИС“. Ако до вчера Македонија беше само транзит држава, денес има појава на внатрешната трговија со луѓе, појава од која не е иземен ниту струмичкиот регион.

trgovija so luge

– Ако порано зборувавме дека Македонија е транзит земја и нашиот пограничен премин е транзитирање сега е поинако и е земја потекло, навистина треба да кажеме дека во шелтер центарот во Скопје е сместена најмладата жртва на тргувано дете кое е на 12 годишна возраст и е сместена во шелтер центарот на ресоцијализација и социјализација на самата личност. Што значи возрасна граница нема. Затоа треба да бидеме внимателни и препазливи и треба да ги пријавуваме ваквите случаеви, бидејќи трговците се секаде околу нас, вели Весна Петкова од Здружението на граѓани ,,Продолжен живот“.

Во периодот од 2005 до 2012 година во прифатниот центар Отворена порта поминале 84 жртви на трговија со луѓе. Податоците на ОБСЕ покажуваат дека на меѓународно ниво дури 50% од жртвите на трговија со луѓе се деца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top