| четврток, 6 декември 2018 |

Јелена и испратила порака на својата колешка: Мртва сум!

nada-topscagic-jelena-krsmanovic-1459730694-878855

Пејачката Јелена Крсмановиќ Марјановиќ (33) брутално е убиена, а нејзиното тело е пронајено во недела околу два часот попладне во каналот на местото Црвенка.

Имено, Јелена неколку дена пред трагедијата и испратила шокантна порака на Нада Топчагиќ која укажала на најлошото.

– Јас не можам да ја прежалам мојата Јеца. Никогаш нема на себе да си простам што не ја прашав што ја мачи во приватниот живот.  Се сега слушам. Не знам каково проклетство ги снајде. Прво нејзинот татко, подоцна неговиот брат, па и мајка и која е тешко болна. Таа знаеше ека ќе умре, чуствуваше. На моето прашање  како е и што прави, кратко ми одговори: „ Мртва сум“.Нозете ми се пресекоа. Тоа не е нејзиниот речник, ниту пак начин на изразување. Веднаш ја побарав, а таа со уморен глас ми се правдаше дека е уморна од работа, од куќата од се, баш беше чудна, раскажала пејачката за Стар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top