Рада Б. од Црвенка, која секој ден ги чува своите кози на насипот каде што Јелена последен пат била со сопругот и ќерката, дала исказ за немилото случување со српската пејачка која беше пронајдена мртва.
-Во саботата, околу пет часот попладне ги изведов козите на пасење и ништо сомнително и необично не забележав – вели баба Рада.
Видов една русокоса жена и со неа на ливада три момчиња како играат фудбал. Се сеќавам дека забележав и еден човек со девојче. Детето си играше на ливадата, собираше цвеќиња. Кога ги виде козите им притрча. И тоа е се. Жена што трча на насипот не видов – вели таа.
Баба Рада вели дека тогаш не знаела кој е човекот со девојчето. За немилиот настан дознала подоцна од медиумите.
-На полицијата и реков дека не можам да го препознаам човекот со девојчето. Едноставно не посветив внимание на него и на неговиот лик. Поради тоа не можам со сигурност да кажам дека тоа е сопругот на пејачката – додава баба Рада.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Важен ден за решавање на случајот Јелена: За убиство, сопругот Зоран може да добие од 10 до 40 години затвор
-
Јелена денеска ќе наполнеше 34 години: И јас пораснав, а мама уште ја нема
-
Случајот Јелена воскресна: Ајде, докажи дека сме ти нуделе пари и оргии, Рада од Виена во судница
-
Aко писнам, ќе ме убијат: Кумата Вера живее во страв од семејството Марјановиќ


