| четврток, 6 декември 2018 |

Таткото на Небојша Ројко: Мојот син е ситен крадец, но ако ја убил Јелена, лично ќе му пресудам

Додека вчера од Јелена Крсмановиќ на гробиштата Збег во Борча се простуваа пријателите и роднините, полицијата во населбата Црвенка  претресувала повеќе куќи и го привела Игор Ројко (33), кој живее недалеку од местото каде Јелена исчезнала.

franc-rojko-sin-vihor-foto-aleksandar-jovanovic-cile-i-printscreen-fb-1460112718-882193

Неколку часа подоцна Игор е пуштен, но полицијатас е уште трага по неговиот помлад брат Небојша, со преркар Вихор. Игор не е осомничен туку е испрашуван во својство на граѓанин, велат во полицијата.

Таткото на упасениот Франц Ројко дал изјава за српски Курир:

-Беше полицијата со неколку автомобили. Давесетина полицајци и инспектори ја пребараа целата куќа, гаражата и помошните згради, акога завришија со тоа, го приведоа мојот син. Имам уште еден син, помлад, и него го бараа но тој утрово замина од дома и незнам каде е.

Ројко вели дека знае што и се случило на пејачката на „Гранд“ но дека не верува дека неговиот син е монструмот кој ја убил.

jelena-marjanovic-foto-printsceen-1459847309-879711

-Мојот син е ситен крадец. Поголем дел од својот живот го помина во затвор. Не верувам дека тој е поврзан со убиството, но ако тоа го сторил јас ќе бидам тој кој лично ќе му пресуди – изјавил Ројко.

Во дворот на Ројко се куќа и гаража, а зад гаражата има мост преку каналот кој води до насипот по кој трчала Јелена. Тој мост е одалечен неполн километар од местото на злосторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top