| четврток, 6 декември 2018 |

Сунчица Дениќ и Мирослав Михаиловиќ гости на „Феникс“ на Саемот на книга

Во организација на Издавачката куќа Феникс од Скопје, гости на Меѓународниот саем на книгата во Скопје ќе бидат српските писатели Сунчица Дениќ и Мирослав Михаиловиќ.

Сунчица Дениќ е годинашен добитник на меѓународната награда за литератураљ за деца имлади Ана Франк, што ја доделуваат Издавачката куќа Феникс и Фондацијата за културна инаучна афирмација и презентација Македонија презент.

Проф.др Сунчица Дениќ е универзитетски професор и декан на Педагошкиот факултет во Врање, а е и познат писател и научен истражувачАвтор е на повеќе поетски книги и романи,како и на прирачници и учебници.

Додека пак, Мирослав Михаиловиќ, исто така, е познат српски писател, уредник наКнижевната заедница Бора Станковиќ, основач и координатор на Борина недела во Врање.

Михаиловиќ е автор на голем број поетски книги и добитник е на повеќе значајни книжевнинагради.

Средбата со Дениќ и Михаиловиќ ќе се одржи на 12 април во 12 часот на штандот на Фениксна Саемот на книгата во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top