| четврток, 6 декември 2018 |

Новиот албум на Снуп – од рап крал до реге принц

Еден од најпрепознатливите рапери на сите времиња, Снуп Дог, денес официјално го објави својот дванаесетти албум „Реинкарнејтед“, но прв под новото алтер его и име Снуп Лајон. Големите промени во кариерата на познатиот музичар дојдоа со неговиот престој на Јамајка и прифаќањето на новата животна и музичка филозофија.

„Реинкарнајтед“ („Reincarnated“)претставува исчекор на Снуп во жанрот на реге музиката и прекин на врската со неговото минато, метаморфоза на раперот-гангстер во лик кој испраќа порака за мир и љубов: „Дојдов на Јамајка за да направам нов албум, да снимам филм и вистински да се откријам себе сѝ. Албумот настана од желбата да ја пренесам пораката за љубов и да го насочам вниманието кон одличната музика настаната на овој прекрасен остров, чија намена секогаш била позитивно да го менува светот и која има свој посебен живот“.

Новиот албум го карактеризира соработката со локалните легенди на реге музиката, но и ѕвездите од светот на рап и поп музиката како што се Дрејк, Крис Браун, Баста Рајмс, Акон, Рита Ора и Мајли Сајрус. Продуцент на албумот „Реинкарнејтед“ е Дипло, чиј настап исто така ќе имаме прилика да го видиме на овогодинешниот Егзит фетсивал.

Еден од премиерните европски настапи со изведба на песните од новиот албум Снуп Лајон го резеврира токму за Егзит фестивал. Публиката ќе има единствена прилика да ужива во настапот на уметникот во музичка транзиција за време на кој микрофоните ќе ги вкрстат двете алтер ега на еден човек – раперот Снуп Дог со своите опасни гангстерски хитови и раста Snoop Lion со позитивните реге вибрации во спектакуларна музичка претстава.

Актуелната цена со 50% попуст за петдневните влезници за претстојниот Егзит фестивал изнесува 3580 денари, а истите можат да се купат во продажната мрежа на МКтикетс (Југотон – ТГЦ, прв кат).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top