Актуелниот шампион, екипата на Вардар повторно се врати на плус пет бода од Шкендија на врвот од Првата македонска фудбалска лига, откако во дербито на 25. коло славеше против Работнички на „Филип Втори“, минимално со 1-0.
Стрелец на единствениот гол за Вардар, во натпревар кој главно рамноправно се одвиваше без некој атрактивен фудбал и на двете страни, беше Дамир Којашевиќ во 16. минута од средбата.
Во второто полувреме, Работнички притисна со желба да стигне до израмнување, наспротив „црвено-црните“ кои главно се концентрираа на одбрана на водството, но сепак мрежата на Томе Пачовски остана нечепната. Најголемата шанса ја имаше Горан Силјановски во 79. минута, кој со волеј удар од околу 25 метри по одбиена топка од корнер, го погоди само дирекот од противничкиот гол.
По овој триум, Вардар има 64 бода на врвот од табелата, пред Шкендија која има 59 бода. На третото место е Силекс со 37 бода, пред Шкупи кој има 34. Работнички остана на петтата позиција со 33 бода, сега само три повеќе од шестопласираниот Хоризонт Турново.
ПМФЛ резултати 25.коло:
Вардар – Работнички 1-0
Брегалница – Металург 4-1
Шкендија – Силекс 3-1
Ренова – Младост ЦД 3-0
Турново – Шкупи 1-0
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.