| четврток, 6 декември 2018 |

Единаесетгодишно момче од Струмичко обвинет за тешка кражба

СВР Струмица поднесе кривична пријава против единаесетгодишник од с.Просениково поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“.

krazba vizbegovo

Пријавениот во куќа на неговиот чичко во с.Просениково, кој е на привремена работа во Германија, насилно влегол и извршил претурање, но не одземал ништо.

Подоцна ѝ кажал на неговата мајка дека кај чичко му на катот има вклучено светилка, по што истата пријавила во СВР Струмица.

Од страна на СВР Струмица било утврдено дека малолетникот бил забележен на терасата во времето на извршувањето на кривичното дело.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top