По претходното градска пресметка со Шкупи на Чаир, Вардар во рамките на 25. коло од Првата македонска фудбалска лига, денеска од 18 часот на националната арена „Филип Втори“ го очекува ново градско дерби, овој пат против Работнички.
Претходните два дуели сезонава меѓу двете екипи завршија со победа на Вардар, и едно реми. Капитенот на „црвено-црните“, Бобан Грнаров, сега очекува нова победа иако вели дека овој натпревар ќе биде потежок и во однос на оној со Шкупи.
– Сметам дека ќе имаме многу потежок натпревар во однос на оној со Шкупи, бидејќи играчите на Работнички играат фудбал и напаѓаат, а оние на Шкупи постојано се бранеа. На дуелот во неделата само два до три пати стигнаа до нашиот гол, но со екипа која напаѓа е малку потешко. На денешниот меч очекувам да се игра отворен фудбал, кој исто така е и добар за окото на гледачите. Јас и моите соиграчи кои се дел од одбраната, ќе имаме повеќе работа затоа што Работнички има доста добри офанзивни фудбалери. Не ме интересира дали ќе примиме гол или не, најбитно ми е да победиме и да ги освоиме трите бода – вели Грнчаров за официјалната интернет страница на клубот.
Претходно, денеска од 16 часот ќе бидат одиграни и останатите четири натпревари од 25. коло во ПМФЛ.
Двојки 25.коло ПМФЛ:
Шкендија – Силекс
Ренова – Младост ЦД
Хоризонт Т. – Шкупи
Брегалница – Металург
Вардар – Работнички (18 ч.)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.