Откако се родија, принцот Џорџ (2) и неговата 11-месечна сестра Шарлот се трн во окото на Камила Паркер (68). Децата, наводно, војвотката од Корнвол и сопруга на принцот Чарлс (67) многу ја потсетуваат на принцезата Дајана, поради што Камила крај нив не се чувствува пријатно.
Анимозитетот го забележале и принцот Вилијам (33) и Кејт Мидлтон(34), па наводно не сакаат „бабата“ да биде со децата без надзор.
-Камила смее да ги гледа децата само е со сопругот Чарлс – вели извор близок на британското кралско семејство. Камила, наводно, сѐ почесто се кара и со сопругот бидејќи Чарлс, поради љубовта кон внуците секогаш застанува на страната на Кејт, а Камила ја игнорира.
-Камила не успеа да се избори за наклонетост на народот, а малиот принц и принцеза уште повеќе ја турнаа во втор план. Затоа е љубоморна и егото ѝ е повредено – пишуваат Англичаните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Го запалија Твитер со сцените од црква: Свекрвата и снаата од кралското семејство се појавија заедно!
-
Tрите најголеми тајни на кралското семејство: Вака нивниот брак успева 68 години
-
На норвешкиот принц му е здодевно принцувањето (ВИДЕО)
-
Шест забранети зборови кои кралското семејство не смее да ги употребува