| четврток, 6 декември 2018 |

Шок во Велика Британија: Бебе преживеало абортус!

Британка Вики Харпер (24) дознала дека по трет пат е бремена, па поради лошата материјална ситуација одлучила да абортира. Никој нема објаснување како бебето го преживеало процесот на абортирање.
Вики веќе има две деца – Роса (2) и Лејла (5) и е во тешка материјална ситуација така што во тој момент не била спремна за трето дете, но минатиот јуни заборавила да се напие контрацептивно апче и така останала бремена.
– Тоа беше најтешка одлука за мене. Сакам деца најмногу на светот, тие се моето богатство, но тогаш немав сила за трето, раскажала Вики која живее на северот од Шкотска.
Таткото на нејзините деца е младиот Кинан Мекивор (19) кој е по занимање е столар и за жал не заработува многу пари. Тој тогаш и кажал дека мора сама да одлучи што ќе направи и дека ќе ја поддржи во се. Тогаш Вики одлучила да оди на хируршки прекин на бременоста, каде требало со помош на вакуум да го отргнат плодот.
– Кинан доаѓаше со мене кај докторот. Ме држеше за рака. Малку плачев, но и двајцата знаевме дека тоа е најдоброто решение, објаснува таа.
Како што раскажува, уште истиот ден сфатила дека нешто не е во ред.
– И понатаму бев уморна и имав вртоглавици, а два пати пред тоа бев бремена и знаев како точно сето тоа изгледа, истакнала Вики.
Затоа дома направила тест за бременост и тој бил позитивен. Докторот и кажал дека е можно да се некои труднички хормони во нејзиното тело и дека нема причина за грижа.
– Потоа менструација немав добиено два месеци, и бев сигурна дека бебето и понатаму е во мене, признала Вики.
Девет недели по неуспешниот абортус и направиле ултразвук, кој јасно покажал дека е бремена. Повторен абортус не бил возможен зашто се наоѓала во 16 недела од бременоста, а по 12 недела тие зафати се прават исклучиво во вонредни ситуации, доколку се заканува поголема опасност за мајката или плодот – Иначе абортусот во тие случаеви е многу опасен по здравјето на мајката.
Тогаш одлучила сепак да го роди бебето. на почетокот на март, Вики на свет го донела преслаткиот Џек кој се родил потполно здрав.
– Тој е посебно дете. Многу го сакам. Ќе му го раскажам сето ова кога ќе биде доволно пораснат за да сфати зашто сум сакала да постапам така. Сега сум среќна што преживеа и го сакам повеќе од тоа што сум мислела дека некого ќе сакам некого, ја завршува Британката својата неверојатна приказна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top