Зоран Марјановиќ сопругот на пејачката Јелена Крсмановиќ – Марјановиќ која утринава била пронајдена мртва во канал по крај креј во Борча се уште е на испрашување во полиција, пренесуваат медиумите.
Тој вчера вечер го пријавил исчезнувањето на Јелена поради тоа што не се вратила од трчање на патека која оди покрај каналот каде било најдено нејзиниот тело.
Не е познато дали сопругот е осмничен и по кој осново, но случајот како што пренесуваат медиумите, полицијата го третира како убиство. Имено, каналот во кој утрово е најдено телото на пејачката се наоѓа покрај патека за трчање, на која се најдени нејзина крвава шнола и една патика, а мобилниот телефон е пронајден ан нив која се наоѓа од другата страна на патеката. Полицијата пет метри од местото на кое е пронајдено телото на Јелена Марјановиќ ја пронашла нејзината тренерка, патика и мобилен телефон.
Во куќата на Марјановиќ владее неизмерна тага, а нејзиниот свекор и свекрва исто така во 14:30 часот биле на испрашување во полиција.
Ќерката на починатата пејачка Јана (5) тешко о ја поднела тажната вест дека мајка и повеќе ја нема и со солзи во очите постојано повторува: „Врате ја мајка ми, сакам да се играм со неа!“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Важен ден за решавање на случајот Јелена: За убиство, сопругот Зоран може да добие од 10 до 40 години затвор
-
Јелена денеска ќе наполнеше 34 години: И јас пораснав, а мама уште ја нема
-
Случајот Јелена воскресна: Ајде, докажи дека сме ти нуделе пари и оргии, Рада од Виена во судница
-
Aко писнам, ќе ме убијат: Кумата Вера живее во страв од семејството Марјановиќ